Канада ќе поднесе барање на СТО поради царините воведени од Трамп

Канада ќе поднесе барање до Светската трговска организација во кое се изјаснува против тарифите на американскиот претседател Доналд Трамп и исто така ќе бара обесштетување според регионалниот договор за слободна трговија, изјави официјален претставник, јавија американските медиуми.

„Канадската Влада јасно смета дека тие тарифи се прекршување на трговските обврски што ги презеле САД“, рече претставникот, кој сакаше да остане анонимен, на брифингот, цитирајќи го договорот на СТО и САД-Мексико-Канада што самиот Трамп го потпиша во 2018 година.

„Очигледно ќе продолжиме со правните средства што веруваме дека ги имаме преку договорите што ги споделуваме со САД“.

Back to top button
Close