Канада уништи 15 милиони дози вакцини против ковид со изминат рок

Властите во Канада беа принудени да уништат речиси 15 милиони дози вакцини против коронавирус поради нивниот изминат рок на траење.

Според Нашнл Пост, кој цитира документ доставен до парламентот, во земјата се уништени 13,6 милиони вакцини АстраЗенека и околу 1,2 милиони дози Модерна.

Изданието наведува дека Канада била подготвена да ги донира вакцините АстраЗенека во рамки на иницијативата КОВАКС, но дозите останале на залиха кај производителот од јули 2021 година и рокот им изминал.

Портпаролот на канадското Министерство за здравство Шарлин Слеман изјави за весникот дека земјите во развој не ги прифатиле вакцините „поради ограничената побарувачка за вакцини и тешкотиите при нивната дистрибуција

Back to top button
Close