Кандидатите за членови на Програмскиот совет на МРТ ќе се претстават пред Комисијата за прашања на избори и именувања
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи Јавна расправа за кандидатите кои ги исполнуваат условите по Одлуката за објавување на Јавен конкурс за именување на членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија.
Комисија за прашања на избори и именувања на седница на 10 април ја заврши Проверката на кандидатурите доставени по Одлуката за објавување на Јавен конкурс за именување на членови на Програмскиот совет на МРТ и од пријавените 37 кандидати, поминаа 24. На 13 кандидатурите им беа одбиени поради некомплетна документација.
Меѓу кандидатите кои се најдоа на утврдената листа доминираат дипломирани новинари, политиколози, дипломирани правници, но има и актери, музиколози, продуценти и еден електроинженер и доктор по економски науки.