Казнети 198 возачи на подрачје на СВР Битола, 84 за брзо возење

Вкупно 198 возачи се казнети на територија на Секторот за внатрешни работи Битола во периодот од 14 јуни до 16 јуни 2024 година.

Како што информира денеска МВР,  84 возачи возеле повеќе од дозволената брзина, 13 возеле под дејство на алкохол, а 29 возеле без возачка дозвола. Изречени биле 13 мерки за непрописно паркирани возила, 17 мерки за некористење заштитна кацига – шлем…

– Сообраќајните контроли продолжуваат и наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР.

Back to top button
Close