Казнети туристи кои сурфале по Венеција

Откако туристи неодговорно сурфале по водните канали на Венеција, вандализирале имоти и позирале полуголи, јавноста и надлежните лица се шокирани од тоа однесување.

Сурферите биле снимени завчера,  додека сурфаат на електрични даски „е-Фоилс“ (eFoils), на венецискиот Голем Канал. Тој пак, не само што е под заштита на УНЕСКО заедно со околните зданија, туку е и главна „сообраќајница“ на Венеција. Видеото од сурфањето на Твитер го објави градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро, кој напиша дека „двајцата надмоќни идиоти го исмевале градот“. Тој, исто така, понуди бесплатна вечера за секој кој помага да се идентификуваат сурферите.

На видеоснимката се гледа како сурферите ги избегнуваат „вапорето“ водните автобуси и такси под мостот Ријалто, а потоа минуваат и крај базиликата Салуто, една од најпознатите градби во Венеција. Кога минале под мостот Академија, еден сурфер паднал од даската, но продолжил да го снима својот пријател.

 

Венеција не е единственото место во Италија каде што туристите се однесуваат недзволиво ова лето. Претходно, луѓе со автомобил се спуштале по Шпанските скали во Рим, а други се возеле со скутер низ Помпеја.

Кусо по првата објава, градоначалникот повторно се огласи и потврди дека сурферите се најдени, оти им биле одземени даските вредни околу 25.000 евра, а двајцата мажи се казнети и со по 1.500 евра. Потоа биле протерани од градот. Градските власти покренаа постапка и против сурферите поради напад кон угледот на Венеција

Back to top button
Close