Кешишев во „Десна“ бил готвач на Палчо,живеел во простприите на “Десна”  и варел кафе за гостите во партијата

Во текот на судењето за свирепото двојно убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, на површина испливаа нови детали за односите меѓу обвинетите. Според сведочењата, Влатко Кекишев, еден од обвинетите, признал дека му готвел на Љупчо Палевски – Палчо, првообвинет во случајот, и дека заедно живееле во објектот на политичката партија „Десна“.

„Кешишев изјави дека кога Палчо имал гости, тој бил задолжен за подготовка на оброците и сервирање кафе,“ откри началникот Дејан Димовски во судницата. Истовремено, двајцата престојувале во зградата на партијата „Десна“, каде што полицијата подоцна го открила и возилото „Рено Кангу“, кое беше клучно за истрагата.

Ова откритие дополнително ги продлабочи сомнежите за блиските односи меѓу осомничените, кои ја користеле зградата на партијата за прикривање на своите активности.

Back to top button
Close