Кичеец во полиција ги потврдил разговорите со Мицкоски и Дака, но тој не ги снимал

На вчерашниот информативен разговор во полициската станица Карпош, Зоран Милевски – Кичеец потврдил дека на аудио снимката со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски гласот кој зборува со Мицкоски е негов и е за време на председателските избори, но отфрлил дека тој тајно снимал.

Кичеец во полиција потврдил и дека на аудио бомбата со контроверзниот црногорски бизнисмен Давидовиќ- Дака гласот е негов и дека тој разговор бил пред 3 години но како што објави тв Телма повикувајки се на извори од полицијата Кичеец негирал дека земал пари и дека тој го снимал разговорот.

Адвокатот на Кичеец за телевизијата рекол дека во полиција неговиот штитеник се задржал половина час и дека бил само прашан дали е гласот на снимките негов и кога биле овие разговори.

Back to top button
Close