Киев: Изгубивме околу половина од нашата воена опрема

Вооружените сили на Украина загубија околу половина од својата воена опрема за време на борбите, изјави заменикот-министер за одбрана Володимир Карпенко.

– Зборувам само за тешко вооружување. Денеска имаме околу 30-40 отсто, а понекогаш и до 50 отсто од загубата на опрема како резултат на активни битки. Значи изгубивме околу 50 отсто, беше цитиран Карпенко од украинското издание Лига, пренесуваат западни медиуми.

– Имаме загуба од околу 1.300 пешадиски борбени возила, 400 тенкови и 700 артилериски системи, рече Карпенко, додавајќи дека испораките на оружје од западните земји покриваат до 15 отсто од потребите на Украина.

– Ни треба артилерија, потребна ни е артилериска муниција, борбени возила за пешадија, борбени возила, тенкови. Навистина ни требаат системи за противвоздушна одбрана и ракетни гранати, рече тој. Според него, вооружените сили на Украина мора да надополнат 700 артилериски системи кои биле уништени во битки, а само 100 такви системи добиле од Запад

Back to top button
Close