Киев: Руси маскирани во украински униформи извршија напад на Купјанск

– Генералштабот на Украинските вооружени сили објави дека руски војници, од кои некои биле маскирани во украински воени униформи, започнале напад во четири бранови, обидувајќи се да ги пробијат украинските одбранбени линии на боиштето Купјанск.

„Од 14:30 часот, руските окупатори се обидоа да ја пробијат нашата одбрана на боиштето Купјанск. Непријателските нападни групи ги нападнаа позициите на украинските бранители во четири бранови, ангажирајќи околу 15 возила, вклучувајќи тенкови, оклопни борбени возила и возила за деминирање“, стои во соопштението.

Украинската страна истакна дека дел од руските војници биле облечени во украински униформи, што е воена тактика која ги прекршува правилата на војување и претставува воено злосторство. Украинците нагласуваат дека и покрај тоа го одбиле нападот, уништувајќи руски оклопни возила и нанесувајќи значителни загуби на непријателот.

Back to top button
Close