Клековски: Нема да поднесам оставка, СДСМ е последниот што може да бара одговорност
Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) Сашо Клековски вечерва изјави дека нема да поднесе оставка на барањата на СДСМ за негова оставка, посочувајќи дека партијата нема кредибилитет да повикува на одговорност.
-СДСМ, чиј лидер Венко Филипче не понесе одговорност за живо изгорени пациенти, сега бара одговорност, јас сметам дека нема никаков кредибилитет за тоа. Само би потсетил дека во нивниот мандат се случи најголемата злоупотреба посебно на скапите лекови на Онкологија, една девастирачка ситуација која се уште има последици. И не, нема да поднесам оставка, бидејќи ниту со чинење или нечинење не сум придонел ништо во оваа ситуација. Напротив, и јас, односно Фондот и Клиниката, директорот, раководството и целиот персонал, напорно работиме да се надмине наследената ситуација.
Клековски, вечерва во „Тема на денот“ на ТВ Сител рече дека нема да се купуваат лекови на реверс (позајмица вон договор) за Клиниката за онкологија и радиологија и со тоа да му се билда профитот на веледрогеријата добавувач. Тој истакна дека важен приоритет е детално планирање на набавката на лекови, а ќе се користат и директни спогодби со производителите, а не со веледрогериите.
Во однос на ситуацијата во Клиниката за онкологија, каде што се појави недостиг на биолошка терапија, Клековски објасни дека од вкупно 5 000 пациенти, само мала група се со недостиг на специфична терапија, и дека се работи на отстранување на овој проблем. Тој објаснува дека ваквиот недостаток се должи на фактот дека немало добра пресметка за тоа колку и кои лекови се потребни и дека веледрогеријата ги уценува со набавките.
Во однос на новонастанатата ситуација на Клиниката за онкологија, за недостигот на биолошка терапија, појасни дека од 5 илјади пациенти само една мала група се со недостиг на одредена терапија и оти работат на отстранување на тој недостаток.
Истакна дека тоа што сакаат да го надминат, е со детално планирање на Клиниката, да видиме кој лек има можност да се набави со анекс на постоечките договори, кој лек да се набави со донација додека се организира набавка, а за некои лекови, како што вели, ќе направат непосредни спогодби со производителите, а не со веледрогериите.
Вели дека ЈО треба да се произнесе за работењето на Онкологија во изминатите седум години, бидејќи, како што вели, без расчистување на минатото, тешко може да се помести состојбата нанапред.