Клоп во Салах гледа најдобар фудбалер во светот

Тренерот на премиерлигашот Ливерпул, Јирген Клоп, оцени дека според актуелната форма неговиот фудбалер Мохамед Салах е најдобар играч во светски рамки.

Клоп ја изнесе оваа оценка по саботниот триумф на Ливерпул над Ватфорд од 5-0 во кој египетскиот напаѓач постигна гол и запиша две асистенции. За Салах тоа беше 10 гол сезонава во Премиер лигата, запишувајќи се во листата на стрелци на последните осум натпревари на Ливерпул.

– Неговата игра на натпреварот беше одлична. Додавањето при првиот гол беше фантастично, а вториот гол беше нешто посебно. Тој е топ играч, тоа сите го гледаме. Кој е подобар од него? Не мораме да разговараме за тоа што Меси и Роналдо направија за фудбалот, ниту за нивната доминација. Но во моментов, Салах е најдобриот, изјави Клоп.

Back to top button
Close