КМФ Проект и КМФ Кеби Моби вечерва во битка за трофејот во футсал Купот

Финалето од Купот на Македонија во футсал е на програмата вечерва во Гевгелија каде за трофејот ќе се борат КМФ Кеги Моби од Велес и КМФ Проект од Валандово.
Патот до финалето беше различен за двете екипи. КМФ Кеги Моби дојде до финалето по неизвесни натпревари. Во осминафиналето го победи Шкупи со 4-3, во четвртфиналето беше подобар од Бутел со 8-6, а во полуфиналето триумфираше против Јувентус Серава на пенали со 5-4.
КМФ Проект имаше поубедлив настап. Во осминафиналето славеше против Кратово со 7-2, во четвртфиналето го победи Осогово со 7-4, а во полуфиналето убедливо го совлада Клими Кавадарци со 11-0.
Финалето е со почеток во 20:30 часот во СЦ „26 Април“.






