360-Која е хероината што денеска храбро влезе во дуел со премиерот Ковачевски?

Ликот на „хероината на денот“, жената која денеска храбро влезе во дуел со премиерот Димитар Ковачевски додека тој пазареше во еден од скопските маркети, се совпаѓа со ликот на корисничка на Фејсбук со име Ацка Станишева.

А, фејсбук-профилот на Станишева, меѓу другото, изобилува со објави на кои таа е фотографирана на партиски настани на ВМРО-ДПМНЕ, а дел од фотографиите на кои е означена се објавени од актуелниот пратеник во Собранието од оваа партија, Тони Јаревски.

Принтскрин: цка Станишева – Фејсбук
На профилот на Станишева има и објави во кои таа бара поддршка за политичка партија.

Една од нив датира од 2 октомври 2021 година. Објавена е портретна фотографија од Станишева, а на неа пишува „Гласајте за број 7“ – редниот број на советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ на гласачкото ливче за последните локални избори кои се одржаа на 17 октомври истата година.

Името Ацка Станишева се споменува и во решението на Општина Карпош од февруари 2013 година во кое е објавен составот на избирачки одбори за локалните избори кои се одржаа во март таа година.

Станишева бил⁴а избрана за членка на избрачки одбор како претставник на ВМРО-ДПМНЕ на избирачко место со број 2647.

А, фејсбук-профилот на Станишева, меѓу другото, изобилува со објави на кои таа е фотографирана на партиски настани на ВМРО-ДПМНЕ, а дел од фотографиите на кои е означена се објавени од актуелниот пратеник во Собранието од оваа партија, Тони Јаревски.

Целиот текст на 360.мк

Back to top button
Close