Кои дуќани смеат да работат а кој не во недела и за празници

Појаснување  за граѓаните кои дуќани ќе можат да работат во недела кој е прогласен за неработен ден

Исклучоци во трговијата кога може да се работи и во недела и на празник се: специјализирани продавници или киосци за продажба на сладолед, колачи и апетисани, цвеќиња, сувенири, филигранство, весници и цигари, во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност; продавниците на бензински станици во чии рамки се врши трговија на мало претежно со храна, пијалоци и тутун; продавници, киосци и штандови во трговските центри (молови) кои имаат минимална ефективна површина за трговија на мало од 8.000 квадратни метри; штандови и киосци каде што се продава добра за време на спортски настани, фестивали и манифестации, саеми и за време на јавната проекција на кинематографски дела; продавници за трговија на мало со храна (без зеленчук и овошје), пијалоци и тутун во кои трговијата се врши лично само од сопственикот на продавницата и зелените пазари.

Back to top button
Close