Конте: Навивачите на Јувентус ме гледаа како ривал, но никогаш нема да ми бидат непријатели
Тренерот на Наполи, Антонио Конте ги сумираше впечатоците од натпреварот од 5. коло од Италијанското првенство против Јувентус.
Избраниците на Конте одиграа 0:0 против неговиот поранешен тим.
– Ривалството помеѓу Јувентус и Наполи секогаш ќе биде тука. Важно е да нема насилство, туку да има почит. Јас сум дел од историјата на Јувентус и тоа никој не може да ми го одземе. Се надевам дека ќе бидам дел од Наполи во иднина. Живееме во свет во кој многу луѓе забораваат да бидат благодарни, а тоа не е добро. Денес, навивачите на Јувентус ме гледаа како ривал, но никогаш нема да ми бидат непријатели, го цитира Конте новинарот Николо Шира.
По овој меч Јувентус е на четвртото место во поредокот со девет бодови, едно место погоре е Наполи со 10 бодови