Кос: Албанија во ЕУ до 2030 година

Комесарот за проширување во Европската комисија, Марта Кос, изјави дека Албанија има реална можност да стане дел од Европската Унија до 2030 година уште порано – доколку го одржи сегашното темпо на реформи, објави Албаниан пост.
Зборувајќи во Атлантскиот совет, Кос нагласи дека на Западен Балкан, двете земји кои моментално го водат процесот се Црна Гора и Албанија
„Црна Гора има за цел да ги затвори сите поглавја до крајот на оваа година, додека Албанија изрази решеност да ги заврши преговорите до крајот на следната година“, рече таа
Кос подвлече дека процесот на проширување не функционира со однапред одредени рокови, туку врз основа на перформансите на земјите-кандидатки.
“Обично не одредуваме датуми, бидејќи процесот е базиран на заслуги. Но, ние ги поддржуваме амбициозните цели на земјите”, изјави таа, додавајќи дека Албанија може да постигне членство во рок од една деценија.
Комесарот нагласи дека земјите-членки на ЕУ се решени да не се занемаруваат никакви критериуми. Според неа, особено важни остануваат основните поглавја, владеењето на правото, борбата против корупцијата, слободата на медиумите, слободата на изразување.
„ЕУ не е група пријатели, туку заедница на вредности. Секоја земја што сака да стане дел мора да ги почитува овие стандарди“, рече Кос.






