Кос за Топ чанел: Од планот за развој за Албанија милијарда евра, од нив 270 милиони за правосудството

Еврокомесарката за проширување на ЕУ Марта Кос, за албанската Топ чанел, изјави дека Европската комисија не е задоволна од откажувањето на некои американски институции од финансирањето на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК) на Албанија.

При тоа дава гаранции дека токму „Европската Унија ќе ги поддржи СПАК и новите институции на правдата со техничка и финансиска помош во насока на зајакнување на капацитетите и независноста на специјалното обвинителство”.

Во интервјуто, кое, како што рече е прво од доаѓањето на оваа функција, открива дека штотуку се дадени 270 милиони евра за “владеење на правото од вкупниот фонд од 1 милијарда што ќе ги добие Албанија во рамки на планот за раст.- Висока оценка даваме за работата на СПАК. Тоа е институција на правдата и ја ужива целосната доверба на ЕУ а обвинувањата кон специјалните обвинители ги следи Брисел, додала Кос.

Таа ги поздравува чекорите на Албанија кон ЕУ со отворањето на неколку поглавја, констатирајќи дека „на Албанија и оди многу добро”.

Проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан во новиот геополитички контекст на војната во Украина, таа го коментира како историски развој за да ја направи Европа посилна. Но, според неа, затворањето на поглавјата од Албанија не значи автоматски полноправно членство во ЕУ.

Back to top button
Close