Косовската полиција заплени шверцувана стока од Северна Македонија вредна 120.000 евра

Косовската полиција соопшти дека во соработка со косовската царина запленила значително количество стока за која постои сомневање дека е шверцувана од Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според денешното соопштение на полицијата, вредноста на шверцуваната стока, без царинско затајување, се проценува на околу 120.000 евра.

-Во спроведување на мерките за спречување и сузбивање на незаконитоста и шверцот, засилени се тактичко-оперативните контроли на граничниот појас Република Северна Македонија–Република Косово, при што се идентификувани три сомнителни возила, за кои постоел сомнеж дека превезуваат криумчарена стока. Пријавените биле во три возила, од кои две возила за придружба со локални регистерски таблички и комбе без регистарски таблички, за кое постоело сомневање дека е натоварено со шверцувана стока. Полициските службеници успеале да го лоцираат сомнителното возило управувано од осомничениот Косовец, каде при пребројување на шверцуваната стока, за која пријавениот не поседувал никаков документ за потеклото на стоката, е откриена и запленета шверцуваната стока, се наведува во соопштението.

Полицијата ја објави и содржината на запленетатата стока.

-Пронајдена и одземена е следната стока: 1.750 кутии „Чесгтерфилд“ со 350.000 цигари, 250 кутии електрични цигари „Тереа“ – 50.000 цигари, 3.200 машини за полнење цигари (филетари), 2.000 запалки, 50 парчиња стаклени шишиња за наргиле и 3.000 парови (6.000 парчиња) влошки за чевли, се наведува во соопштението.

На осомничениот во овој случај му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа, додека по налог на надлежен обвинител стоката и возилото се одземени и испратени на царинскиот терминал.

Back to top button
Close