Костадинов: На 2 октомври не одиме на избори, туку на референдум

Бугарија на 2 октомври не оди на парламентарни избори, туку на референдум, битка дали ќе продолжи да постои како народ и како држава, изјави денеска во Силистра претседателот на бугарската екстремна националистичка партија Преродба, Костадин Костадинов.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Костадинов, чија партија е важи за евроскептична, истакна дека првото нешто што мора да се направи по 2 октомври е отфрлање на планот за воведување на еврото во Бугарија.

– Доколку Преродба не ја преземе валста со Бугарија, ќе организира референдум. Еврото нема да се воведе во Бугарија, ова е врвен приоритет за нас, изјави лидерот на партијата Костадинов.

Тој предизборната кампања во Бугарија ја опиша како летаргична, бидејќи, според него, сите други бугарски политички партии имаат интерес за слаб одѕив на гласачите.

Back to top button
Close