Прегазено е 15 годишно девојче во Чаир – со тешки повреди заврши во болница

МВР информира дека синоќа околу 22:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул. „Цветан Димов“ со бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот В.А. од с. Танушевци, скопско, удрило во 15-годишна малолетничка од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје

Back to top button
Close