Костадинов: Проблем е техничката вода која ја купуваме од АД „Водостопанство“, немаме детектирано проблем во мрежата за снабдување со вода за пиење

Одговорни луѓе седнуваат на маса, одговорни институции гледаат на проблемите во очи, ги прават потребните анализи и од тука влечеме можни решенија. Ние шест денови очекуваме и повикуваме да се седне на маса и дека има истражувања во рамки на „Комуналец“-Струмица на примарната и секундарната водоводна мрежа, Филтер станицата со сите процеси на прочистување на водата, нема детектирано никаков проблем и јасно укажавме дека проблем е техничката вода којашто ја купуваме од брана „Турија“, односно од АД „Водостопанство“, изјави денеска градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, по вчерашните прес конференција на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој го впери прстот во него и Општината за проблемот со немање вода за пиење во Струмица и шест населени места заради зголемо присуство на манган.

Костадинов вели дека од вчерашната прес конференција очекувал некое решение.

– Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ако изговори 5 реченици во четири и пол го спомна Костадинов. Благодарам за афирмацијата, но не сме тука да се препукуваме и да бараме дежурни виновници и би му порачал на министерот дека не се уште во опозиција и владината говорница не е во партиската зграда на ВМРО ДПМНЕ, туку во Владата. Очекував вчера да слушнам бројки и анализи коишто ги имаат направено оти таму беше и директорката на Институтот за јавно здравје, веројатно имаат бројки каква е водата во браната „Турија“, но бројки не слушнавме ниту јас, ниту граѓаните, тоа е очајно и жално. Министерот понуди помош доколку тие треба да инвестираат и еве за почеток нека направат анализа од водата која ни ја продаваат за да сфатат каква вода продаваат тие, подвлече Костадинов.

Според него, затаило чистењето на каналите и речните корита во Општина Струмица од страна на „Водостопанство“ и министерството со што, како што рече Костадинов, избегнувајќи една еколошка катастрофа ресорното министерство ја вовлекува Струмица во друга катастрофа.

-До денеска, цело лето и овие веќе 102 денови на новата Влада, немаме видено ниту еден багер да ги чисти каналите со што придонесуваат и за поплавување на Струмица. Изнегнувајќи една еколошка катастрофа, самото Министерство со целата негова неспобност, ја вовлекува Струмица во нова криза. Нормално ние како одговорна Општина заедно со „Комуналец“ ги извршуваме и нивните обврски, ги чистиме каналите кои се нивна обврска, посочи струмичкиот градоначалник, кој дададе дека не им треба помош од Министерството, туку да си ги гледат нивните обврски и да си ги знаат надлежностите и да не ја злоупотребувале Владата како партиско седиште.

Back to top button
Close