Костова: Приватното верско убедување на политички функционер не смее да се прелее во практикувањето на власта

Активистката Кристина Костова, реагира за актуелните настани во однос на родовата еднаквост и новото предлог законско решение за родова еднаквост, изнесени на трибина „Зошто Не за сексуалното образование во училиштата“ во организација на Елеуса Фондацијата.

Таа потсетува дека сите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се еднакви пред законот.

„Со член 19 од Уставот на Република Северна Македонија е регулирано дека Ма­­­ке­донската православна црква, како и Исламската верска заедница, Като­лич­ката црква, Евангелско-методистичката црква, Еврејската заедница и другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се една­кви пред закон. Од ова јасно произлегува дека во Република Северна Македонија нема др­жав­на религија“, пишува Костова во објава на Фејсбук.

Костова нагласува дека „приватното верско убедување на политички функционер не смее да се прелее во практикувањето на власта“.

„Државата е секуларна и религијата е одвоена од неа. Тоа зна­чи дека државата не­ма право да се меша во црковните работи, ниту пак црк­ва­та да се меша во државните работи. Приватното верско убедување на политички функционер не смее да се прелее во практикувањето на власта, без разлика дали станува збор за раководење со институции, работа во законодавниот дом или во судската власт“, потенцира Костова.

Back to top button
Close