Костовски: Тошковски диригира селективна истрага и правна фарса за најголемата трагедија во Македонија


Правдата за трагедијата во Кочани мора да се испорача на граѓаните, пред сè на семејствата на загинатите и повредените. Но, наместо тоа, гледаме како се води селективна истрага и правна фарса, под диригентската палка на Панче Тошковски и Мицкоски. Сè поголем е бројот на граѓани кои веруваат дека власта ги штити оние кој најмногу се засегнати за несреќата, рече организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски, во гостувањето на Канал 5 тв.

Тој се осврна на пропустите на МВР поврзани со несреќата во Кочани, кое не дава одговори на главните прашања околу трагедијата.

– Никако да дојдеме до главната одговорност. Кој дал дозвола за користење на пиротехнички средства? МВР. Дали полицајци од ОВР Кочани и СВР Штип биле на местото на настанот, каде што имало малолетници? Ова се прашања на кои мора да добиеме одговор. И на крајот, Панче Тошковски треба од морални причини да поднесе оставка. Најголемата трагедија во Македонија се случува во негово време, и постои нешто што се нарекува морал, рече Костовски.

Тој нагласи дека сите оние сензационалистички полноќни прес-конференции, на кои премиерот ѝ се обраќаше на нацијата и презентираше делови од доказната постапка, цело време создаваа сомнеж дека истрагата и целата операција се водат со цел да се заштитат сите оние кои биле вработени во МВР, во Државната пазарна инспекција и во УЈП.

– Сметам дека власта ги штити оние кои се најмногу засегнати. Нели обвинителот требаше да се смени? А сега одеднаш е добар за власта. Не може во истрагата да бидат виновни луѓе кои повеќе од две години не се на функција, а за овие актуелните да нема ни мерка за претпазливост. Тука е и сомнежот дека самата истрага оди во непосакуван правец – се гонат поранешни, а се оставаат сегашни. И граѓаните сè погласно зборуваат за ова и се поголем број од нив веруваат дека истрагата е селективна, рече Костовски.

Back to top button
Close