Ковачевски: Добро е тоа што други народи ќе влезат во Уставот бидејќи земјава е Европа во мало

Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски кажа дека државата го имаше веројатно најтешкиот пат за почеток на преговорите, но пред нас останува да се затворат отворените прашања.

„Дел од прашањата веќе се надминати. Во преговарачка рамка стои чист македонски јазик, а исто така идентитетот на македонскиот народ е загарантиран. Тоа што го имаме како обврска на тој пат впрочем го имаа и други земји. Македонија има уште една дополнителна активност која треба да ја направи, а тоа е вклучување делови од други народи кои живеат во нашата држава“, вели Ковачевски.

Ковачевски кажа дека Македонија е мултикултурна и добро е што другите народи ќе влезат во Уставот бидејќи земјава е Европа во мало.

„ЕУ е заедница на различности, а Македонија е земја во која сите заедници, односно народи имаат еднакви можности за личен и професионален напредок. Без Западен Балкан, ЕУ не е комплетна“, вели Ковачевски.

Back to top button
Close