Ковачевски му подари македонски дрес на Шоле

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната средба со советникот на Стејт департментот Дерек Шоле му подарил македонски дрес.

Топло добредојде за Дерек Шоле денеска на средба во Скопје. Нашето силно стратешко партнерство со САД е од голема важност во годината која ни претстои, а која е исполнета со предизвици и кај нас, но и глобално. За овие предизвици, но и за многу други теми ќе разговараме на денешните средби, напиша Ковачевски на Фејсбук и објави фотографија од подарокот.

Шоле утрово пристигна во Скопје, каде што беше пречекан пред платото на Владата од премиерот Димитар Ковачевски.

Back to top button
Close