Ковачевски: 1117 здравствени работници кои досега работеле договорно добија постојано вработување

Решение за постојано вработување добија  1117 медицински работници кои со години беа хонорарци без здравствено и пензиско осигуруање, изјави премиерот Ковачевски на денешната прес-конференција на која се и министерот за здравство Изет Меџити и министерот за финансии Бесник Фетаи. Фетаи рече дека во буџетот има обезбедено средства за здравствено и социјално осигурување на лицата кои од хонорарци ке бидат трансферирани во лица со постојано вработување

Инвестирањето во здравствени работници е еден од најважните сегменти, за иднината во јавното здравство. Клучно за креирањето на здравствените политики е решавање на статусот на лекарите, болничарите, техничарите, на медицинскиот и немедицинскиот кадар со трајно вработување. Денеска решаваме статус на 1.117 лица медицински персонал, помошно-технички персонал, хигиеничари и возачи, со одлука на Влада се отвора можност вработување на неопределено време во јавните здравствени установи. Средствата за одобрените вработувања на неопределено време се обезбедени во рамки на јавните здравствени установи и Фондот за здравствено осигурување –  рече Меџити.

Ќе продолжиме со развој на примарната здравствена заштита, капитални инвестиции во изградба на нови и современи здравствени установи, како и инвестирање во обуки, едукација и развој на младиот медицински кадар во земјава. Единствено така ќе го подобриме и зјакнеме здравствениот систем во земјава – рече Меџити.

Back to top button
Close