Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ го заглави Скопје, како што 11 години ја заглавуваа Македонија
Самонаречениот градоначалник на Скопје, Христијан Мицкоски со мнозинството во советот од ВМРО-ДПМНЕ, членовите на управните и на надзорните одбори од ВМРО-ДПМНЕ се единствените виновници што денес Скопје е заглавен град, исто како што беа виновници што 11 години Северна Македонија сега, тогаш Македонија, беше заглавена држава според сите извештаи на сите меѓународни институции“ изјави премиерот Димитар Ковачевски.
Тој додаде дека беа потребни пет години за да се врати државата во групата на земји каде што владее демократија на меѓународните рангирања. „После она што му го направија на Скопје со проектот Скопје 2014 година, за која што сега доаѓа да се врати обврзницата, истите тие со истите нивни кадри сега го заглавија цело Скопје. Дрисла ја затвориле, цело Скопје го блокирале. Зошто? Затоа што не ги бива“ рече Ковачевски. Премиерот додаде дека Скопје е блокирано поради неспособноста и бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.
Ковачевски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ го има мнозинството во Советот и дека нивни кадри се членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија.