Ковид-19: Пријавени седум смртни случаи и 411 новозаразени

Од починатите, четири случаи се регистрирани во изминатото деноноќие, а три се со датум на смрт од 31 август до 16 октомври. Најмладата жртва била 39 години од Пробиштип

Photo: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во изминатите 24 часа направени се 3 209 тестирање, а регистрирани се 411 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.

Новите случаи се во: Скопје – 198, Куманово – 40, Штип – 19, Велес – 18, Кавадарци и Кочани – по 16, Прилеп – 15, Битола – 13, Крива Паланка – 10, Тетово и Радовиш – по 7, Струга – 6, Струмица и Пробиштип – по 5, Гевгелија, Неготино и Ресен – по 4, Охрид, Кичево, Свети Николе, Богданци, Крушево и Македонска Каменица – по 3, Валандово и Демир Хисар – по 2, Делчево и Виница – по 1.

Регистрирани се 271 оздравен пациент од: Скопје – 120, Куманово – 22, Велес – 15, Крива Паланка-14, Битола – 12, Штип и Тетово – по 11, Кичево – 10, Кочани и Прилеп – по 8, Кавадарци и Кратово – по 7, Струмица – 6, Гевгелија – 5, Неготино и Свети Николе – по 3, Радовиш, Пробиштип, Ресен, Охрид, Македонска Каменица, Валандово, Демир Хисар, Виница и Македонски Брод – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 4 починати лица: 2 починати лица од Скопје (82г, и 65г), и по едно починато лице од Куманово (74г) и Пробиштип (39г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 31.08.2021 до 16.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Скопје и едно лице од Кичево, на возраст од 80 до 93 години. Од пријавени лица, две се починати во домашни услови и едно лице е во болнички услови.

Активни се 6 107 случаи, повеќе од половина се во Скопје

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199 057, бројот на оздравени пациенти е 185 931, на починати е 7 019, а бројот на активни случаи изнесува 6 107.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 87 061, Активни 3 082
  • Куманово 12 047, Активни 498
  • Тетово 10 933, Активни 89
  • Прилеп 9 343, Активни 243
  • Гостивар 7 994, Активни 37
  • Битола 7 316, Активни 194
  • Велес 6 637, Активни 297
  • Кавадарци 6 157, Активни 177
  • Охрид 6 118, Активни 205
  • Штип 6 034, Активни 210
  • Струмица 5 870, Активни 130
  • Кичево 4 070, Активни 78
  • Струга 3 828, Активни 41
  • Кочани 3 465, Активни 153
  • Гевгелија 2 517, Активни 79
  • Неготино 2 351, Активни 23
  • Свети Николе 1 969, Активни 64
  • Радовиш 1 579, Активни 48
  • Ресен 1 570, Активни 36
  • Крива Паланка 1 562, Активни 111
  • Дебар 1 453, Активни 6
  • Берово 1 222, Активни 12
  • Делчево 1 140, Активни 22
  • Виница 1 074, Активни 32
  • Пробиштип 981, Активни 57
  • Валандово 844, Активни 17
  • Кратово 631, Активни 40
  • Богданци 578, Активни 23
  • Крушево 544, Активни 14
  • Македонски Брод 476, Активни 2
  • Демир Хисар 473, Активни 32
  • Демир Капија 410, Активни 1
  • Македонска Каменица 350, Активни 49
  • Пехчево 318, Активни 3
  • Дојран 142, Активни 2

Back to top button
Close