Кожувчанка побара јутјуберот Лазаров да го тргне нивното лого по скандалозната емисија со Латас!

Компанијата Кожувчанка, кој производ е и популарниот Синалко, а чие лого е истакнато кај јутјуберот Стефан Лазаров, бара тој да го тргне истото и информира дека не поддржува емисии во кои се промовира таков говор, каков што беше случајот со емисијата во која гостуваше новинарот Драган Павловиќ – Латас.

Првиот човек на Кожувчанка, кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев за ,,Фокус” вели дека не е помеѓу спонзорите на јутјуберот, а логото со Синалко најверојатно стои помеѓу спонзорите, бидејќи во минатото имале соработка со него на проект, кој траел околу 15 дена.

Повеќе

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close