Кралот Чарлс ќе абдицира за десет години: „Сака да го види Вилијам на тронот“

Кралот Чарлс Трети планира да абдицира во следната деценија во корист на принцот Вилијам, тврди поранешниот кралски батлер Пол Бурел во интервју за Њујорк пост. Бурел работел за принцезата Дијана од 1987 до 1997 година и вели дека добро го запознал кралското семејство.

Бурел е уверен дека 75-годишниот Чарлс Трети, кој неодамна беше опериран за отстранување на аденом на простата, развил план да ја пренесе власта на својот најстар син Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон.

„Мислам дека кралот и кралицата имаат 10-годишен план за ова“, рече поранешниот батлер. Тој, исто така, смета дека кралот е инспириран од искуството на неговите колеги од други земји, кои ја пренесуваат власта на нивните наследници кога ќе сфатат дека повеќе не се во можност да управуваат со земјата. Пред еден месец, 83-годишната данска кралица Маргрете Втора го направи тоа, отстапувајќи го тронот на својот син Фредерик Х.

„Мислам дека тој не би сакал да продолжи да биде крал во ситуација кога Европските монараи откриле дека можат да ги пренесат своите овластувања на нивните наследници” продолжи Бурел, истакнувајќи дека Кралицата Елизабета Втора никогаш немало да донесе таква одлука.

„Таа потекнува од друга генерација, целиот нејзин живот е изграден околу тоа да биде монарх. Но, кралот точно испланирал што да прави и ќе земе една страница од книгата на принцот Филип и ќе каже: „Направив доволно“ и ќе замине.

Back to top button
Close