Кралот носи долна облека од Камила наместо марамче, таа го носи накитот на Дајана – неколку бизарности од кралското семејство
Камила Паркер Боулс го слави својот 76-ти роденден. Денес ја носи почесната титула сопруга на кралот Чарлс.
Не е тајна дека кралот Чарлс бил очајно вљубен во Камила за време на бракот со принцезата Дијана, и декa имале и афера. Оваа врскa сериозно го разниша неговиот брак, и дојде до развод.
Со текот на годините испливаа многу детали, меѓу кои и откритието дека Чарлс ја носи долната облека на Камила наместо марамче во џебот, па дури и ноќта пред свадбата ја поминале во солзи, разговарајќи на телефон.
Сепак јавноста не и го простува тоа што на свадбата на Чарлс пристигнала во бело . Но, покојната кралица Елизабета ја вратила да го смени костумот.
Сепак неколку бизарни детали го привлекуваат вниманието.
Камила е видена во неколку наврати во минатото со накит што го носи Дијана. Иако накитот е сопственост на кралското семејство, а не на Дијана, многумина се на мислење дека од сите парчиња таа можела да избере нешто друго освен она што е видено на покојната принцеза.
Дури се обиде да го облече „одмаздничкиот фустан“
Сите се сеќаваат на познатиот „одмазднички фустан“ на принцезата Дијана, кој го носеше веднаш по аферата на Чарлс. Истиот фустан ведаш потоа го облече и Камила.
Дајана во неколку прилики носеше уникатно парче смарагд и дијаманти околу вратот, а во последните години Камила го носеше истиот предмет закачен на реверот. Сепак, се тврди дека вечната љубов на Чарлс не го уништила накитот на Дијана, туку тоа е парче што кралицата Елизабета Втора и го позајмила само на Лејди Ди.