Краткометражниот филм „Мавера” вечерва премиерно и на „Ѕирни”

 

 – Краткиот независен филм „Мавера” кој премиерно се прикажа на ИФФК „Браќа Манаки” влезе во официјална селекција на петтото изданије на Скопскиот фестивал „Ѕирни”.

„Мавера” својата скопска премиера ќе ја има вечер од 20:00 часот, на Платото „Котур” и се натпреварува за наградата „Данчо Чеврески”.

ИФФК „Браќа Манаки“ секоја година ги вреднува најдобрите кинематографери, тешко е да се раскаже прекрасното непознато во кратка филмска форма и затоа краткометражниот филм секогаш е голем предизвик за филмските автори.

Жирито во состав: Дарија Д ‘ Антонио, Питер Бижу, Теона Стругар Митевска, Ромен Лакурба и Доменико ла Порта доделија посебно признание за Стефан Ѓоргиевски за филмот „Мавера“.

На Ѓоргиевски признанието му го додели Питер Бижу, а младиот кинематографер рече дека е голема чест за него што бил дел од овој фестивал, бидејќи неговиот независно финансиран филм се нашол во друштвото на филмови кои биле на светските филмски фестивали.

Краткиот игран филм „Мавера“ е независно финансиран, без надворешна поддршка, а притоа е селектиран од голема конкуренција на Македонски и странски филмови со високи буџети, во режија и сценарио на Батухан Ибрахим, кој е и продуцент на филмот заедно со Стефан Ѓоргиевски, кој исто така е и кинематографер на проектот.

Монтажер е Драган Спасов, а дизајнот на звук е на Ристо Алчинов. Улогите ги толкуваат Симона Спировска и Мирјана Трпковска.

Back to top button
Close