Кремљ: Истече наредбата на Путин за ненепаѓање на енергетската инфраструктура на Украина

 

Наредбата издадена од рускиот претседател Владимир Путин на 18 март за едномесечен прекин на нападите врз украинската енергетска инфраструктура „истече“, соопшти денеска Кремљ.

– Месецот (на мораториумот) истече. Засега нема други инструкции од врховниот командант, претседателот (Владимир) Путин, рече портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков во својот дневен брифинг за медиумите во Москва.

Со тоа руската страна става крај кревкиот мораториум, за кој Москва и Киев меѓусебно се обвинуваа дека го прекршуваат.

Москва, сепак, го поздрави делумниот прекин на огнот како „извесен напредок“ на патот кон решавање на конфликтот во Украина.

– Русија сака да го реши овој конфликт, да ги обезбеди своите интереси и останува отворена за дијалог, изјави Песков.

Рускиот претседател Владимир Путин на 18 март објави дека и наредил на војската, по разговорите со неговиот американски колега Доналд Трамп, да ги прекине нападите врз украинската енергетска инфраструктура во период од 30 дена.

Неколку дена подоцна, САД објавија дека постигнале договор за ова прашање со Русија од една страна и Украина од друга страна.

Доналд Трамп, кој сака да заврши конфликтот што е можно поскоро, првично предложи безусловен и целосен прекин на огнот, кој беше прифатен во принцип од Киев, но одбиен од Москва

Back to top button
Close