Кремљ: Назначувањето на Драпати за главен командант нема да ја промени состојбата на фронтот


– Назначувањето на Михајло Драпати за нов главен командант на Вооружените сили на Украина нема да ја промени состојбата на бојното поле, соопшти денеска Кремљ, оценувајќи дека руската армија ќе продолжи со офанзивните операции.

– Не мислам дека тоа може да доведе до какви било промени. Нашите вооружени сили продолжуваат да напредуваат долж целата линија на фронтот – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера го разреши досегашниот главен командант Олександр Сирски и на највисоката воена функција го назначи Михајло Драпати

Back to top button
Close