Кремљ: Путин сè уште не одлучил дали ќе оди на самитот на Г20

Кремљ денеска соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин сè уште не одлучил дали ќе присуствува на Самитот на Г20 во ноември во Индонезија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во разговор со новинарите изјави дека Русија има покана да присуствува и дека „во догледно време“ ќе се донесе одлука дали Путин физички ќе присуствува на состанокот.

Западните лидери размислуваат како да пристапат на самитот доколку дојде Путин, а британскиот премиер Борис Џонсон ги повика колегите да не го бојкотираат, дури и ако рускиот претседател одлучи да присуствува.

Back to top button
Close