Крилото на Зијадин Села се приклучи на Европскиот фронт на Ахмети

Крилото на Зијадин Села од Алијанса за Албанците се приклучи на Европскиот фронт на Али Ахмети, пренесува Коха.

Политичките аналитичари очекуваа Села да се приклучи на т.н Европски фронт на Ахмети, затоа што друга опција нема и бидејќи не може самостојно да кандидира листи.

 

– Advertisements –

 

 

– Нема никаква предизборна математика Села да настапи сам и логично е дека тој би се приклучил кон фронтот на Ахмети, каде што веќе како што гледаме тој фронт се проширува и ДУИ првпат по 2006 година прави широка коалиција. За волја на вистината со некои мали партии внатре, но тоа што е новина е тоа што турска и ромска партија за првпат се приклучуваат на една таква коалиција, кои традиционално биле во коалиција со СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ.

Идејата на Ахмети е да го прошири гласачкото тело или потенцијалот за собирање гласови не само кај Албанците, туку надминувајќи ја и етничката припадност – вели аналитичарот Сефер Селими во Топ Тема на тв Телма

Според весникот Коха, коалицијата со ДУИ е веќе договорена работа и учеството на крилото на Зијадин Села е дефинирано во изборните листи. Тој ќе ја предводи изборната листа во ИЕ број 5, а се смета дека АА на Села може да добие четворица пратеници плус еден, доколку коалицијата на ДУИ освои 20 пратенички места. Односно двајца би можеле да бидат сигурни дека ќе станат пратеници преку листата во ИЕ број 6, а по еден преку изборните единици 1 и 2, додека Села е сигурен пратеник преку ИЕ број 5

Понудата од ДУИ Села со сопартијците ќе ја разгледува на состанок, пишува Коха.

Back to top button
Close