Кристијан Михајлоски сменет од Надзорниот одбор на М-НАВ
Кристијан Михајлоски е сменет од член на Надзорниот одбор на М-НАВ, откако во октомври лани беа сменети и претходните двајца членови, Димитар Џеков и Едмонд Калиќи, и на нивно место дојдоа Горан Јандреоски и Милорад Милановиќ. Тогаш Кристијан Михајоски остана, но сега е отповикан од функцијата.
Државното друштво за контрола на летање, М-НАВ, вчера преку Берзата соопшти дека е извршена промена кај членовите на НО на М-НАВ.
„Со одлука на Владата на РСМ во својство на Собрание на акционерското друштво, Кристијан Михајлоски е отповикан од должноста член на НО на АД М-НАВ и за член на тоа друштво е избран Ријад Алими“, се вели во објавата на Берзата и се додава дека сега Но ќе го сочинуваат Горан Јандреоски, Милорад Милановиќ, и Кристијан Михајлоски. (nezavisen.mk)