Кривичен пресуди 10.000 евра казна за поранешната директорка на Кожно

Кривичниот суд го прифати барањето на Основното јавно обвинителство и со 10.000 евра ја казни поранешната директорка на Универзитетската клиника за дерматологија, Нина Цаца Биљановска порaди пренесување на заразна болест, објави „АлсатМ“.

Скопското обвинителство ова го потврди за телевизијата, а докторката казната ја доби бидејќи наместо да оди во самоизолација по враќање од пат од Италија, таа одеше на работа и учествуваше на семинар. Ова е првостепена пресуда и Биљановска има право на жалба.

Back to top button
Close