Кривичен суд се прогласи за ненадлежен во случајот со Рамиз Мерко.
Скопскиот кривичен суд се прогласи за ненадлежен да одлучува за обвинението против струшклиот градоначланик Рамиз Мерко, поднесено од Обвинителството за организиран криминал и корупција, и предметот, по правосилноста на решението, ќе го достави на постапување во Основниот суд Струга.
Од судот информираат дека имајќи го предвид законот за судови, последните измени на кривичниот законик, како и правната квалификација од обвинителниот предлог, односно ст. 4, судот утврди дека спелцијализираното одделение за оргнизиран криминал и корупција не е надлежно за судење на кривични дела од чл. 353 ст.4 вв со ст. 1 како што јавниот обвинител го поднел обвинителниот предлог, туку цитираните одредби од законот за судови се однесуваат само на делото пропишано во став 5 од овој член.
Со оглед на сето тоа стварната надлежност да постапува е судот со основна надлежност на чие подрачје е извршено кривичното дело. – соопштија од судот.
Обвинителството поднесе обвинител акт против рамиз мерко за злоупотреба на службената положба при набавката на лукзузно ауди а6, кога сметката на општината била блокирана