Кривична пријава за насилство за Аријанит Џафери, напаѓачот на претседателот на РКЕ, Бислимовски

„Во врска со случајот кој синоќа, околу полноќ, во СВР Скопје го пријави М.Б. (45) од Скопје дека на тераса од угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.Џ.(28) од Скопје, ја известуваме јавноста дека случајот е целосно расчистен и против А.Џ. ќе биде изготвена кривична пријава за кривично дело насилство по член 386 од КЗ“-информираат од МВР.

Додаваат дека веднаш по пријавувањето на настанот, преземени биле содветни мерки за расчистување, односно изготвено е писмено известување до ОЈО Скопје.

„Извршени се разговори со сведоци на настанот, обезбедена е видео снимка, извршен е разговор со пријавениот А.Џ., кој во целост го призна делото, и по консултација со јавен обвинител ќе биде изготвена кривична пријава за кривично дело насилство по член 386 од КЗ“-додаваат надлежните на МВР.

Back to top button
Close