Кривична против поранешниот министер за култура, го оштетил буџетот за 31.824.000 денари
Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против Хусни Исмаили, поранешен министер во Министерството за култура, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело Несовесно работење во службата, од член 353-в ст.1 и ст.2 од Кривичниот Законик.
Пријавениот Х. И. во својство на службено лице-министер во Министерството за култура, ја злоупотребил својата службена положба и овластување со неизвршување на својата службена должност на начин што во периодот од 27.06.2019 до 30.08.2020 година, на ден 24.07.2020 година, несовесно постапил на начин што потпишал решенија и склучил договори со правни и физички лица за финансирање на проекти во вкупен износ од 31.824.000 денари, иако бил свесен дека со извршениот ребаланс на буџетот од страна на Владата на Р.С.Македонија објавен во Службен весник бр.126 од 15.05.2020 година, недостасуваат финансиски средства за веќе преземените тековни обврски во однос на годишните конкурси за финансирање на проекти, извести Финансиската полиција.
Со горенаведените дејствија, пријавениот Х. И. предизвикал штета на Буџетот на министерство за култура по основ потпишани решенија и склучени договори во износ од 31.824.000 денари