Кривична за тројца кавадарчани, на социјална мрежа му се заканувале на полициски началник
СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Ј.(32), З.П.(36) и Т.П.(34), сите од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста” и „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
Според пријавеното, на 17.02.2025, првопријавениот преку социјална мрежа упатил закани на началникот на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци, а со коментари се приклучиле и второ и третопријавениот.