Кучиња скитници бркале девојка во Гостивар – се повредила при бегање

МВР информира дека вчера утрината во 08:50 часот во ОВР Гостивар, од Медицински центар Гостивар било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била примена 19 годишната гостиварка А.О..

Според пријавеното, додека се движел по ул.„101“, била нападната од кучиња скитници, а при обид да избега, паднала и се здобила со повреди, информира полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар

Back to top button
Close