Кучиња скитници го искасаа ракометарот Вуко Борозан кој ги бранел своите деца

Првотимецот на ракометниот клуб Вардар Вуко Борозан е искасан од куќиња и има 15-тина конци по рацете, нозете и телото и е неизвесен за утрешниот дуел на скопскиот клуб со Порто во Европската лига, изнформираше денеска тренерот на Вардар, Владо Недановски.

 

-Не знам што се случува во градот. Нападнат е од кучиња скитници кои го имаат искасано. Си ги бранел децата на прошетка, рече Недановски за (не)спортската повреда на црногорскиот ас.

Ракометарите на Вардар утре ќе се соочат против Порто во третото коло од Европската лига, а тренерот Владо Недановски се соочува со проблеми пред мечот и не може да смета на повеќе ракометари

Back to top button
Close