Кумановец (83) дал 100.000 денари за да ги „спаси синот и снаата од затвор“

МВР информира дека вчера попладне во 17.00 часот во СВР Куманово, 83 – годишен маж од Куманово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 100.000 денари.

Според пријавеното, лицето му се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник му кажало дека неговите син и снаа предизвикале сообраќајна незгода во која прегазиле дете мигрант и ќе треба да плати одредена сума на пари за да не одговараат кривично.

Како што е пријавено, тој ги однел парите на договореното место, а подоцна се слушнал со неговиот син и сфатил дека е измамен односно дека нема никаква сообраќајна незгода.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Back to top button
Close