Куомо: Граѓаните треба да прават разлика меѓу демонстрантите и крадците

– Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо ги повика граѓаните да ги разликуваат гневот на демонстрантите предизвикан од смртта на Џорџ Флојд и однесувањето на крадците кои оперираат во одредени делови на градот.

– Демонстрантите се поинакви од разбојниците, рече Куомо, додавајќи дека полициски час е воведен со цел полицијата да се справи со крадците.

Тој истакна дека во моментов има три тековни проблеми – пандемијата на коронавирусот, протестите и кражбите, и оти секој треба посебно да се решава. Куомо додаде дека ги поддржува демонстрантите затоа што тиа, како што рече, сакаат подобра Америка.

Back to top button
Close