Купиштата смет оставени на земја околу контејнерите во Тетово претставуваат голема опасност за здравјето
Куповите смет оставени на земја околу преполните контејнери во Тетово претставуваат голема опасност за здравјето на граѓаните, алармираат стручните лица. Комуналната општинска служба секојдневно го собира сметот од контејнерите, но постојат и голем број места каде што нема садови за одлагање отпад, па се создаваат мини-депонии.

Ратко Давидовски, специјалист по хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје во Тетово, за МИА вели дека секоја органска материја на овие високи температури многу бргу се распаѓа, и на тој начин, според него, се развиваат сите можни бактерии што можат да доведат до сериозни последици по здравјето на луѓето.
Притоа, истакнува Давитковски, најопасен вид на отпад по човековото здравје се остатоци од домашни животни, коски со парчиња месо, делови од храна и слични органски материи.
-Сето тоа се распаѓа и станува извор на бактерии и вируси. Не само месото, туку и лубеница, на пример. Сѐ што е органско се распаѓа и овозможува да се развиваат многу бактерии. Имаме спектар бактерии, од кои најчести се некои како ешерихија коли, ентеро бактерии, полиформни бактерии, салмонела, клостридиум, нема бактерија што не е присутна на таа температура – објаснува тој.
Related Articles
Србин на пат за Грција доживеал пекол на границата со Македонија: Не го пуштиле поради работа на која никој не обрнува внимание!
Рама најави дека Албанија нема да им дава пасоши на етничките Албанци од Македонија кога ќе стане дел од ЕУ
СДСМ: Левица повторно е сателит на Мицкоски и работи за неговата кампања за предвремени избори
-
СДСМ: Нема да учествуваме на координативната средба
12.07.2026 20:08



