Курти се сврте против Таравари: Секој глас за Силјановска-Давкова е глас против Албанците

Претседателот на косовскиот парламент и десна рака на премиерот на Косово, Глаук Коњуфца, е против евентуална поддршка на коалицијата на опозициските партии на Албанците, „Вреди“, за претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, во вториот круг од изборите за државата.

 

Косовскиот премиер Албин Курти / Фото: Архива

Коњуфца ова денеска го изјави за порталот „Тетова сот“ прашан за коментар за средбата меѓу Арбен Таравари, еден од четворицата предводници на коалицијата „Вреди“, кој беше и нејзин кандидат за претседател на државата, со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во видеото со изјавата на спикерот на косовскиот парламент, објавена на Фејсбук, новинарот на „Тетова сот“ вели дека дошол во Приштина да го праша косовскиот премиер и лидер на Самоопределување, Албин Курти, како му изгледа денешната средба на Мицкоски и Таравари.

Наместо со Курти, новинарот вели дека се сретнал со Коњуфца, кој го повикува Таравари да не брза, додавајќи дека секоја поддршка за кандидатката за шеф на државата Гордана Силјановска-Давкова и секоја соработка со ВМРО-ДПМНЕ е антиалбанска.

„Не сум запознаен со оваа средба, но ви верувам во ова што го кажувате и го сметам за вистина. Со тоа што сум ги гледал политичките концепти што ги има Гордана Силјановска-Давкова, тие се доста антиалбански концепти. Постојат сомнежи за албанското население таму. Јас сум многу против овие концепти и јас би бил против поддршка на такви концепти од кој било Албанец. Внимателно сум го следел и тој концепт е антиалбански. Јас не би поддржал таква опција бидејќи е на штета на Албанците“,вели Коњувца.

Инаку, партијата на косовскиот премиер Албин Курти – Самоопределување, даде поддршка на коалицијата на опозициските партии на Албанците во земјава „Вреди“ чии лидерите на крајот на јануари годинава имаа средба со Курти во Приштина.

 

Back to top button
Close