Кушнер во Каиро на средба со раководството на Хамас, а потоа во Тел Авив со Нетанјаху
Американскиот пратеник Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, денеска во Каиро ќе се сретне со раководството на палестинското милитантно движење Хамас, во присуство на египетски, катарски и турски претставници, пред да замине за Тел Авив, каде што ќе разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јави Ал Џезира повикувајќи се на извори.

Според извор на катарската телевизија, средбата има посебно значење откако Израел го отфрли планот од 15 точки усвоен од „Мировниот комитет“ и го поврза секое повлекување од Појасот Газа со „вистинско“ разоружување на Хамас.
Делегација на високо ниво на Хамас, предводена од шефот на политичкото биро на движењето, Калил ал-Хеј, пристигна во Каиро порано денеска, што е негова прва официјална посета на Египет откако ја презеде функцијата.






