Кузеска: За труењето на Гостивар и цела Македонија мора да има кривична одговорност
По труењето на граѓаните на Гостивар, со над 4.000 заболени граѓани, по труењето на уште седум други населени места и загадување на две реки мора да има кривична одговорност, вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на прес-конференција, која МИА ја објавува интегрално.

Од сите.
Наместо да прикриваат и бараат виновници насекаде, освен во сопствените редови, криминалната ВМРО треба да ја признаат вистината за тоталниот институционален колапс.
Здравјето на граѓаните го загрозија, најважното нешто.
Не можете да отруете цел град, загадување на вода да има и во седум други населени места, на две реки а никој од власта да не одговара.
Целата власт, сите институции и сите механизми се во рацете на ВМРО-ОКГ и на Мицкоски.
Нема бегање од одговорноста сега за труењето на Македонија.
Прво, институциите признаа дека „црвените светла“ им се запалиле предоцна. Додека илјадници гостиварчани пиеле вода загадена со фекалии, никој не презел ништо.
Потоа ги криеа податоците од јавноста.
Сега, кога кризата веќе ескалираше, признавате ризик од жолтица и други заразни болести.
Она на што д-р Венко Филипче предупреди уште минатата недела.
Дополнително, јавноста и денес нема добиено официјален, потпишан извештај за анализите на таканаречената „техничка вода“.
Кој институт ги изработил анализите? Кој го потпишал извештајот? Кој ја одобрил употребата на водата? Врз основа на кои параметри е утврдено дека е безбедна?
Граѓаните на Гостивар ја плаќаат цената затоа што наместо стручност, превенција и брза реакција, добија неспособност, прикривање информации и политички калкулации.
За ова мора да има и политичка и кривична одговорност.
Кривично мора да одговараат министерот Сашо Клековски, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, директорите на надлежните центри за јавно здравје, како и сите службени лица кои знаеле што се случува, ги криеле информациите, не презеле мерки и дозволиле здравјето на граѓаните да биде загрозено.
СДСМ нема да дозволи овој скандал да заврши со уште едно прикривање на вистината и правдата.






